На ГАК починаа родилка и нејзиното бебе

од Vladimir Zorba

Родилка и нејзиното бебе починале вечерва на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, потврди директорката Викторија Јовановска за неколку медиуми.

Станувало збор за родилка на која и било 12-та бременост, и до сега имала шест абортуси и шест раѓања.

Родилката вчера била донесена на Гинекологија, и било направено „це-те-ге“, и било соопштено од лекарите да се врати за еден час на уште една проверка.

Но родилката, наводно, веќе заминала дома и по два часа родителката прокрвавела и се вратила во Клиниката.

Повеќе детали од Клиниката најавуваат за утре

Слични содржини