На крајот од судскиот процес Нинџа ќе рече: „Доказите за 27- ми април ги уништи УБК“

од desk2

Не се спогодував туку соработував со Јавното обвинителство без притисок и во интерес на вистината. Жалам за настанот, и за секој повреден, и прифаќам одговорност. Ова треба да биде поука дека политиката не треба да си игра со чувствата на народот, рече Александар Василевски- Нинџа, обвинет за насилствата на 27 април со чии завршни зборови завршува судскиот процес во Кривичниот суд. Одново во детали опиша како поранешниот началаник во УБК Горан Грујевски, неговиот заменик Никола Бошковски, и тогашниот директор Владимир Атанасовски со свои оперативци, во и надвор од Собранието, таа ноќ ги собирале и уништувале доказите, јави Телма.

На 28 април Никола Бошковски ми кажа да се сретнам со синот на Амди Бајрам, Габриел и да му кажам дека ќе го бараат некои лица од службата. Оперативци од УБК ги прикрија сите траги од ГТЦ и од „сејф сити“ камерите, на кои се гледаат нивни оперативци, кажа Нинџа во завршните зборови, рече Василевски.

Командн о- оперативниот штаб од каде се координирал нападот бил на осмиот спрат во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, каде вечерта отишол откако му се јавил Сашо Мијалков, а ги видел поранешните министри и функционери Билајна Бришковска, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски, Митко Чавков и Кирил Божиновски. На Василевски местото му го отстапи неговиот кумашин и обвинет Никола Митревски Кољо кој тврди дека не е дел од организација, заговор, а се соочува со десетгодишна затворска казна заради една скршена врата и тупаница кон сегашниот директор за Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски. Амнестираните браќа Михаил и Стефан Младеносвки не ја кажувале вистината, рече Митревски.

По давањето на исказот, на паузата Стефан ми кажа дека не дал заклетва, а бил повикан од судијката и му било понудено заштита за да нема притисоци, рече Митревски.

И Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски обвинети кои претохдно даваа завршни зборови, рекоа дека ако пратениците не ги отвореле вратите, тие немале да влезат до денеска во Собранието. Прифаќаат казна, но не и делото загрозување на уставниот поредок. Судечкиот совет си даде една недела период од денеска за да ја соопшти пресудата против 17-мината обвинети за тероризам, откако 15 добија амнестија и беа иззмени од процесот./Telma

Слични содржини