На шопинг без сертификат, за влез во ресторан прво ковид-потврда па кафе

од Берта Китинска

Комисијата за заразни болести препорачува да се укинат ковид сертификатите за влез и престој во моловите, освен на местата во нив каде што се служи храна.

„И оваа мерки за моловите не е целосно укината. Се̍ уште остануваат контролни механизми кои ќе го контролираат пренесувањето на вирусот во затворени простории, во делот каде што ќе биде служена храна, ќе мора да покажете сертификат, па да ја симнете маската. Постепено ќе се релаксираат мерките и не би требало да дадат било каква импликација во зголемување на бројот на новозаразени“, рече портпаролот д-р Злате Мехмедовиќ.

Одлуката за укинување на сертификатите за влез во мол треба да ја донесе Владата.

Слични содржини