Над 2.700 лица починаа од корона во земјава, шест во изминативе 24 часа

од Vladimir Zorba

Министерството за здравство соопшти дека нови 6 лица ја загубија битката со коронавирусот во земјава.

Од нив, четири пациенти се од Скопје (60,74,44 и 86г), еден од Куманово (72г) и еден пациент од Гостивар (64г).

Пациентите се починати во болнички услови.

Со денешниот биланс, во земјава вкупно се починати 2.702 лица како последица на Ковид-19.

Слични содржини