Надворешниот долг на Русија првпат во историјата падна под 15 отсто од БДП

од Stefanija Kuzmanovska

Во вториот квартал, нивото на рускиот надворешен долг првпат во историјата падна под 15 отсто од БДП, а долгот по глава на жител е 2.300 долари, што е најниско од 2006 година.

На крајот на вториот квартал, надворешниот долг на Русија изнесуваше 343,4 милијарди долари или 14,96 отсто од БДП на Руската Федерација, како што произлегува од пресметката на агенцијата РИА Новости врз основа на податоците на Централната банка на Русија.

Како што пренесува Комерсант, веќе е познато дека надворешниот долг на Русија во третиот квартал е намален за уште четири отсто на 329,5 милијарди долари, а од почетокот на годината долгот е намален за 14,1 отсто.

Руската централна банка претходно соопшти дека намалениот надворешен долг е предизвикан од слабеењето на руската рубља во однос на американскиот долар, како и намалувањето на обемот на руските државни хартии од вредност кои ги поседуваат нерезиденти на Русија, пренесува „Танјуг“.

Надворешниот долг на Русија се намалува веќе неколку години по ред. Во 2020 година тој изнесуваше 31 отсто од БДП, во 2021 година – 26,2 отсто од БДП, а во 2022 година – 16,6 отсто од БДП.

Слични содржини