Најчевска: Ако го пуштат Мијалков од притвор, што го спречува да побегне?

од Nikola Popovski

„Зошто би пуштиле од притвор човек кој е веќе осуден на долгогодишни казни затвор (12+8 години) и што го спречува да побегне?“, прашува професорката и граѓански активист, Мирјана Најчевска по предлогот на одбраната на притворениот ексдиректор на УБК Сашо Мијалков, да му се укине мерката притвор со гаранција од 10,8 милиони евра, но во недвижнини.

Според неа, самото тоа што некој кој бил висок државен функционер и тоа во МВР има толку пари за кауција, треба да биде предмет на посебна истрага.

„Само заради тоа не смее да излезе од затвор“, категорична е Најчевска.

Обвинителството дало позитивни мислење за ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков да излезе од притворот во затворот во Шуто Оризари бидејќи смета дека понудената гаранција е доволна за тој да не избега.

Слични содржини