Министрите за внатрешни работи и за правда на сите 28 земји членки на Европската унија ќе се соберат на самит кој треба да подготви план за одговор против вчерашните терористички напади во Брисел, пренесе Politico, цитиран од “Фокус”.

European-Commission-flags_1

Еврокомесарот за миграцијата Димитрис Аврамопулус изјави дека е потребно ЕУ да “дејствува веднаш” и побара од земјите-членки да свикаат состанок “можеби во следните денови”.

“Заканата кон Европа има потреба од европски одговор. Ние не можеме да продолжиме да учиме на потешкиот начин, како што покажаа настаните во Брисел. Ни треба повеќе координација и од повеќе споделување на разузнавачки информации “, рече Аврамополус. Тој ги критикуваше земјите од ЕУ дека не го прават потребното за зајакнувањето на Европол.

“Важно е да работиме заедно”, истакна тој.

Слични содржини