Нашата дијаспора во Минхен може да извади пасоши по скратена постапка: Досега аплицирале 470 лица

од Берта Китинска

Базната станица за издавање патни исправи во Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Минхен успешно функционира, информираат од МНР.

Досега аплицирале 470 наши државјани, 380 патни исправи се изготвени и доставени до генералниот конзулат, а 252 веќе се подигнати. Нашата дијаспора во Минхен одава признание на брзата постапка и олеснетата процедура за добивање на патни исправи.

“Во разговор со нашите граѓани (дознаваме дека) тие ја поздравуваат оваа одлука и многу се благодарни и презадоволни што процедурата за добивање нова патна исправа не трае 6-9 месеци, туку 3-4 недели”, вели генералниот конзулот Реџеп Демири.

Денеска освен во Минхен, базните станици успешно функционираат и во Чикаго, Њу Џерси, Бон, Берлин, Берн, Љубљана, Виена и Лондон, како и мобилните станици во Стокхолм, Брисел, Мелбурн, Торонто и Венеција.

Слични содржини