Научници: Раното укинување на мерките би го забрзало можниот втор бран на коронавирусот

од Nikola Popovski

Одложувањето на повторното отворање на училиштата и започнувањето на работните активности во пресрет на епидемијата во Кина би можело да го одложи можниот втор бран на епидемијата и да му овозможи на здравствениот систем да се опорави, велат научниците, повикувајќи го светот да ја следи внимателно ситуацијата во Вухан, пренесува Хина.

После успешните мерки за спречување на ширењето на вирусот и придвижување на епицентарот на пандемијата во Европа, по два месеци, Кина ги олесни мерките во градот Вухан, во кои коронавирусот, според експертите, премина од дивите животни на човекот, кон крајот на минатата година

Научниците во студијата објавена во четвртокот во списанието „Lancet Public Health“ укажуваат на тоа дека задржувањето на рестриктивните мерки во Вухан до април може да го одложи потенцијалниот втор бран на КОВИД-19. Ова ќе им даде на здравствените услуги повеќе време да закрепнат и потенцијално да спасат животи.

„Градот сега мора да биде многу внимателен за да се избегне предвремено прекинување на мерките за социјална оддалеченост, бидејќи тоа може да доведе до ран пик на вториот бран на епидемијата“, напиша Киеша Прем, специјалист во „London School of Hygiene & Tropical Medicine“ (LSHTM), која го водеше истражувањето .

Вториот бран на крајот на август

„Доколку постепено ги укинат мерките, тие веројатно ќе го одложат и ќе го истегнат пикот на заразата“.

Студијата, користејќи математички модели, симулирала случаи на одложување на почетокот на училишната година и работните активности, со порано укинување на ограничувањата во Вухан, град со единаесет милиони луѓе чие име за поголемиот дел од светот стана синоним по пандемијата.

Укинувањето на мерките во овој момент ќе резултира со втор бран на епидемијата што би се појавила на крајот на август, се вели во анализата.

Одржувањето на ограничувањата до април, најверојатно, ќе го одложи врвот на вториот бран до октомври, што ќе донесе опоравување на здравствените служби.

Овие наоди се „клучни за носителите на одлуки насекаде“, рече Тим Колбурн, глобален експерт за епидемиологија на Универзитетскиот колеџ во Лондон, кој не беше директно вклучен во студијата.

Слични содржини