Науката покажа: Манекенката Џиџи Хадид има совршена вилица

од Vladimir Zorba

Професорите Морис Момерт и Роберт Клејмет направиле истражување за тоа кој има совршена вилица. Резултатите се објавени во Journal of Cranio-Maxillo-Facial Surgery, како што пренесува Daily Mail.

По истражувањето дошле до заклучок дека манекенката Џиџи Хадид (28) има совршена вилица. Атрактивноста уште од времето на античките Грци се мерела со златниот пресек, кој се користел за мерење на хармонични црти на лицето, а научниците го додале и аголот на вилицата. Тие спроведоа истражување во кое луѓето оценија различни аспекти на вилицата на 53 славни жени.

Заедно со Џиџи се разговарало и за супермоделот Џесика Стам, манекенката Стела Максвел, пејачката Мајли Сајрус и манекенката Кејт Мос. Амбер Херд исто така беше високо оценета.

По мерењата Џиџи го зазеде првото место. Нејзината вилица има агол од 141,9 степени, додека совршениот агол е 142 степени. Нејзиното лице го оценувале 16 обични луѓе и 32 хирурзи.

Резултатите од ова истражување предизвикаа лавина од коментари, а многумина веруваат дека жените би можеле да започнат со естетски корекции за да имаат иста или слична вилица како Џиџи.

Слични содржини