НЕ ГО ПОСЛУШАЛ И ЗАМИНАЛ ВО ГРЦИЈА: По скандалот, Џонсон ги упати новинарите кај неговиот татко

од Vladimir Zorba

На прашањето да го коментира фактот дека неговиот татко отпатувал во Грција и покрај препораката на властите во Велика Британија да се воздржат од патување во странство, британскиот премиер Борис Џонсон одговори на водител на радио станица дека треба да го постави прашањето на… Џонсон сениор.

„Мислам дека навистина треба да го прашате тоа“, рече Џонсон во интервју за радио „ЛБЦ“, додавајќи дека не сака да ги открива деталите за разговорот со членовите на неговото семејство.

Тој исто така рече дека смета дека огромното мнозинство Британци разбрале што да прават за време на пандемијата на вирусот и се однесувале многу мудро.

Поради пандемијата, директните летови од Велика Британија кон Грција беа забранети барем до средината на јули, а британското Министерство за надворешни работи препорача заминување во странство само доколку е потребно.

Во изјавата за „Дејли меил“, таткото на Џонсон, Стенли објасни дека тој отишол во Грција пред два дена поради неодложна работа, бидејќи сакал да се увери дека куќата што ја изнајмил за одмор не е во опасност да биде заразена со коронавирусот.

Слични содржини