Не се почитувале мерките: Растојанието помеѓу гостите на журката во „Интермецо“ не било според протоколот

од Берта Китинска

Државниот пазарен инспекторат синоќа го затвори скопскиот бар „Интермецо“ поради непочитувања на протоколите и рестриктивните мерки.

Угостителскиот објект „Интермецо“ е  затворен поради непочитување на протоколот за отворање и работа на кафетерии, поточно кажано не е испочитуван протоколот по однос на ограничувањата на бројот на гостите каде согласно протоколот дозволено е работа во затворениот дел на кафетериите со искористеност на капацитетите до најмногу 30 %, како и работа на отворените делови – терасите , до најмногу 50 % од капацитетот на објектот , а при утврдување на фактичката состојба од страна на инсекторите констатирана е целосна исполнетост на капацитетот, велат во изјава за „Локлано“ од Државниот пазарен инспекторат.

Оттаму додаваат дека дополнително прекршување на протоколот е констатирано по однос на растојанието на гостите од музичкиот уметник кое било 1,5 до 2 метри , а по протокол е дозволено оддалеченоста на најблиската маса на гостите да е најмалку  5метри.

-Влезот на гостите по однос на поседување на сертификати бил предмет на надзор на Министерството за внатрешни работи а во присуство на инспектори од ДПИ  и оние кои не поседувале сертификат не бил дозволен влез . Но за подетални информации може да добиете од МВР.Висината на глобата согласно Законот за заштита на населението од заразни болести е 1500 евра за одговорното лице,  а за правното лице таа дополнително ќе се утврди зависно во која група на големина на субјекти спаѓа правното лице и таа се движи од 2500 евра до 30000 евра зависно од големината на субјектот .По однос на прекршокот согласно Законот забраната може да биде од 10 до 30 дена и тоа дополнително ќе се утврди во текот на утрешниот ден постапката е во тек и тоа го одлучува инспекторот земајќи ги во предвид сите околности, велат од ДПИ.

Слични содржини