Нема нови хоспитализирани пациенти со ковид 19 во Скопје

од Берта Китинска

Според информациите на министерството за здравство во последните 24 часа во ковид-центрите во Скопје не се хоспитализирани нови пациенти поради компилации од коронавирусот

Во моментов се лекуваат 46 пациенти од кои најголем дел се на Инфективната клиника – 25.Во Градската општа болница „8 Септември“ има 14, а на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7.

Во болниците во другите градови, пак, се хоспитализирани 80 ковид-пациенти. Најмногу има во кумановската болница – 15, а во битолската и велешката има по 10.

Во болниците во Штип, Струмица и Гостивар се хоспитализирани по 9, во Охрид и Струга по 5, Прилеп 5, Тетово и Кичево по 2, а во Кавадарци и Гевгелија нема пациенти.

Слични содржини