Немири во Париз: Полицаец уби тинејџер, разбеснета топла палеше згради и автомобили (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во Франција во Париз цела ноќ траеле нереди, судири меѓу граѓаните и полицијата, откако полицаец уби тинејџер (17) при сообраќајна контрола.

Полицаец е обвинет дека ладнокрвно егзекутирал тинејџер откако му рекол: „Ќе ти ставам куршум во главата“.

Убиството е снимено во Нантер, западно од француската престолнина, претходно денеска, откако беше кажано дека момчето, кое по потекло е од Алжир, ги прекршил сообраќајните правила.

Набрзо жртвата била идентификувана како Наел М.(17), возач доставувач.

Во меѓувреме, обвинителството потврди дека против неименуваниот полицаец одговорен за престрелката се води истрага за „убиство“.

Нередите започнаа синоќа пред полициската станица во предградието Нантер, а се проширија и во другите квартови на Париз. Според властите, уапсени се 15 лица.

Граѓаните излегоа на улиците, палеа канти за ѓубре, згради, автомобили, а министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин повика на смиреност.

„Видеата на социјалните мрежи се крајно шокантни и загрижувачки, бараме од луѓето да ја почитуваат тагата на семејството, но и презумпцијата на невиност на полицијата“, рече министерот за внатрешни работи Жерал Дарманен и апелираше да се смири ситуацијата.

Градоначалникот на Нантер, Патрик Гери, рече дека е „шокиран“ од видеата и ѝ изрази „искрено сочувство на мајката на момчето“.

Слични содржини