Неодлучната Мидлтон: Велат дека е во голема дилема бидејќи не знае што да прави, а многу се плаши од нов скандал

од Симе Стоиков

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам имаат кралска дилема. Неодамна извор изјави за британски Сандеј Тајмс дека принцот и принцезата планираат да објават роденденска честитка за нивниот син, принцот Луис, кој на 23 април ќе наполни шест години.

Сепак, по неодамнешните фотошопирани скандали, инсајдер од палатата тврди дека парот сè уште дебатира кој треба да биде фотограф за роденден на малиот Луис. Во случај принцезата да се фотографира и да ја објави фотографијата, се верува дека тоа би привлекло негативно внимание.

„Мој предлог би бил или Кејт да фотографира и да не ја ретушира, или Кејт да фотографира и однапред да објасни како и зошто ја сменила фотографијата, или со професионален фотограф да ја направи и да објасни сè“, изјави за Фокс њуз американскиот новинар Кристофер Андерсен, кој е и автор на книги за кралот Чарлс и принцезата Дијана.

„Мислам, дали навистина ќе биде важно тоа? Теориите на заговор секако ќе продолжат“, додаде тој.

Друг експерт за „Скај Нјус изјави: „Се разбира дека е неизбежно теоретичарите на заговор да се вратат на тврдењето дека го виделе овој или оној недостаток на сликата. има со нејзините фанови, но и со нивните деца. Но, мислам дека искрено би било подобро да се врати тоа ниво на нормалност и да се врати односот што Кејт го има со нејзините обожаватели и со нејзините деца“.

Кејт објавува портрети од своите деца секоја година за нивните родендени, но како што знаат и врапчињата на една гранка, таа неодамна имаше скандал со фотографијата на Денот на мајката од неа, принцовите Луис и Џорџ и принцезата Шарлот. Фановите веднаш забележаа многу необичности на фотографијата.

Тогаш самата принцеза проговори и призна дека таа ја уредила фотографијата направена од принцот Вилијам.

„Како и многу аматери фотографи, повремено експериментирам со уредување. Сакам да се извинам за секаква конфузија предизвикана од семејната фотографија што ја споделивме вчера. Се надевам дека на сите што слават имаа среќен ден на мајката”, се вели во пораката што таа ја објави, но потоа хаосот продолжи и сè уште не заврши.

Слични содржини