Невеста од Хрватска стана хит: Пред венчавката, во венчаница влегла во продавница (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

На социјалните мрежи се шири видео од невеста од Хрватска, кое насмеа многумина.

Имено, како што може да се види на видеото, невестата влегла во продавница во венчаница, додека нејзината пријателка, најверојатно, ја следела и ја снимала.

Иако не може да се чуе убаво од снимката што барала невестата на касата, во описот на снимката се вели дека станува збор за цигари, три пакувања.

– Тоа чувство кога се омажиш и одиш кон салата, а нема цигари. Странец никогаш нема да разбере. Амин! – стои во описот на снимката.

Видеото е објавено на Фејсбук страницата „Имоцки црњаци“, а невестата е наводно од Имотската област.

Невообичаената сцена во продавницата насмеа многу луѓе, а луѓето во коментарите пишуваа дека се воодушевени, додека други посочуваат како може да им се случи ова и на нив.

Слични содржини