Никол Шерцингер во провокативен костим за капење влезе во ледена вода (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата пејачка Никол Шерцингер важи за една од најубавите жени и често добива комплименти за својот изглед.

Таа сега ги изненади сите со ритуалот кој го практикува, а кој го сподели со своите следбеници на Инстаграм.

„Расположение за понеделник. Ледена купка на три степени во траење од шест минути“, напиша Шерцингер покрај видеото и додаде дека нема успех без болка.

Многумина ѝ честитаа на храброста, а она што не им промакна на нејзините следбеници е предизвикувачкиот костим за капење што го носеше Никол.

На својот профил таа често објавува фотографии и видеа на кои се гледа како напорно вежба, се храни здраво и практикува различни ритуали за да ја одржи формата и убавината.

Слични содржини