Николовски: Нема препукувања во СДСМ

од Берта Китинска

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски денеска соопшти дека до крајот на месецот, односно идната недела, СДСМ ќе ги објави и останите кандидати за претстојните локални избори.

– Верувам дека до крајот на месецот ќе ги објавиме сите останите кандидати. Нема препукувања, туку има повеќе кандидати, но ние сакаме да ги одбереме најдобрите. Го слушаме гласот на граѓаните, правиме внатрепартиски, но и теренски истражувања, отворено транспарентно, низ демократска процедура, истакна Николовски.

 

Слични содржини