Американското Министерство за одбрана во прирачникот со нови препораки поврзани со законите на војување, објавен во јуни,  новинарите, кои известуваат за воени конфликти ги изедначи со шпиони, кои во некои случаи можат да бидат третирани како илегални борци, пишува весникот „Њујорк тајмс“ во редакциска статија.

nasilie

– Овој документ може да ја направи работата на воените дописници поопасна, потешка и да ја претвори во цел на цензура, предупредува редакцискиот тим и инсистира прирачникот итно да биде повлечен.

Генерално новинарите се сметаат за цивили, но во некои ситуации, кои не се јасно формулирани, тие може да бидат сметани за незаконски борци. Во некои случаи предавањето на информацијата би можело да претставува директно учество во воените дејствија, се вели во документот од 1.176 страници.

Репортажите за воени операции може да бидат мошне слични со собирањето разузнавачки информации и дури со шпионажата, одбележуваат авторите на прирачникот и ги повикуваат новинарите да дејствуваат транспарентно и со дозвола од соодветните власти.

Во прирачникот се посочува дека можеби понекогаш е неопходно владите да ја цензурираат новинарската работа или да преземат други мерки за безбедност, со цел тие да не ја разоткриваат тајната информација пред непријателот.

– Доколку се дозволи тој документ да го користат воените лидери, владините правници и претставници на други институции, тоа би и нанело голема штета на слободата на печатот. Авторитарните лидери во целиот свет ќе можат да го цитираат, за да покажат дека нивното деспотско однесување кон новинарите, вклучувајќи ги и американските, во голема мера е во согласност со стандардите, воспоставени од американската Влада, предупредува „Њујорк тајмс“.

Слични содржини