Норвешката морнарица изгуби брод вреден стотици милиони долари

од desk2

 

Поморска грешка доведе до потопување на воен врод вреден милиони долари. Бродот под команда на НАТО, се судри со малтешки танкер за нафта, а посадата во обид да го спаси, придонесе за потопувањето.

 

Фрегатата, една од петте во морнарицата на оваа скандинавска земја, се движеше внатре во фјордот во западна Норвешка, во рамки на навигациската обика пред сударот со танкерот кој пловеше од нафтениот теминал. Боената посада го одвела бродот кон подземни карпи за да спречи да потоне, но обидот заврши катастрофално затоа што се закачиле каблите за струја.

Бродот се преврте,а над водата остана само врвот, антената и радаорт. Водечките норвешки медиуми нагаѓаат како бродот дизајниран за војна не успеал да го избегне танкерот од 150.000 тони. Во инцидентот повредени се осум ос 137 луѓе.

Според портпаролот на бродот воените бродови дизајнирани да издржат одредени оштетувања кои би настанале во борба сепак не се издржливи на штети настанати под нивото на водата. Тогаш, појаснува тој, навлегува вода во бродот, со која посадата не моеж да се справи.

Сега се рпроценува дали се исплати да се поправи овој брод затоа што поправката би чинела милиони евра, близу цената на нов брод.

Порано се случуваа слични инциденти во други држави при што беше предупредено дека конструкцијата на овие бородви треба да биде појака, но не е направено ништо по тоа прашање.

Танкерот кој превезуваше 100 милиони лирти нафта не е сериозно оштетен.

Слични содржини