Норвешките градови забрануваат балони со хелиум

од desk2

 

Повеќе градови во Норвешка одлучија за Денот на националноста 17 мај, да забранат употреба на балони со хелиум, како заштита од загадување.

Претставник на Ставангер, еден од градовите, вели дека нема да дозволат продажба на балони со хелиум на прославата на празникот.

„Не сакаме да се продаваат балони со хелиум. Многу од нив протекуваат или заминуваат во атмосферата“, вели еден од организаторите на прославата.

Одборите за организација на прославата во Берген, Хугесунд и Тромзо, како и Ставангер, одлучија да ја забранат нивната продажба за време на прославата. Се очекува одлука и од Осло.

Сметаат дека полнење со обичен воздух за балоните е доволно.

Слични содржини