НОВ ЗЕМЈОТРЕС ја погоди Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Нов земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во централниот дел на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот е регистриран утрово во 6 часот и 52 минути, а епицентарот бил на 58 километри северозападно од градот Кахраманмарас, кој бил епицентарот на разорниот земјотрес во Турција.

Според веб-страницата на EMSC, земјотресот бил проследен со седум последователни потреси со јачина од 2,5 до 4,4 степени.

Слични содржини