Нова респираторна инфекција на прагот на Европа: Британија забележа седум смртни случаи на деца

од Stefanija Kuzmanovska

Велика Британија забележа седум детски смртни случаи поради нова респираторна бактериска инфекција на стрептокока тип „А“.

Британското министерство за здравство упати предупредување до родителите да не се двоумат да ги одведат децата на лекар веднаш штом ќе ги забележат првите симптоми бидејќи состојбата може нагло да се влоши.

Забележано е дека до здравствените установи се издадени упатства за „спуштање на прагот“ за испраќање на децата на болничко лекување, додека употребата на антибиотици се препорачува веднаш по појавата на симптомите, без разлика на телесната температура.

Болеста започнува со благи симптоми слични на настинка, но лесно може да прерасне во потешка со симптоми на треска, температура, болки во мускулите, повраќање и дијареа.

На родителите им беше истакнато дека дехидрацијата е еден од најопасните симптоми и дека првата мерка е да се внимава на внесувањето течности кај децата.

Британските медиуми јавуваат дека четиригодишно девојче се бори за живот на респиратор во Ливерпул, а наводно илјадници родители размислуваат да ги повлечат своите деца од училиште на неодредено време.

Британската агенција за здравствена безбедност ги предупреди релевантните европски служби за можноста заразата да се прошири на континентот.

Слични содржини