Нова технологија ја зголемува километражата на електричните возила и го намалува времето на полнење

од Vladimir Zorba

Научниците од Универзитетот во Бристол и Универзитетот Сари направиле важни откритија за електричните автомобили. Тимовите на научници создале нов материјал за „супер-кондензатори“ за да го задржат електричниот полнеж. Со новата технологија, електричните автомобили ќе работат исто колку и автомобил со мотор со внатрешно согорување.

Значи километражата на овие автомобили ќе го надмине дури и сегашниот лидер – Тесла. Самиот Елон Маск рече дека пробивот во електрични автомобили ќе дојде со суперпроводниците, а не батериите. Другата главна предност е дека суперпроводниците ќе можат да се полнат за околу 10 минути за разлика од литиум-јонските батерии, кои можат да одземат 8 – 10 часа, за да се наполнат целосно.

Како што претпоставувате, колку побрзо се полни еден кондензатор, толку побрзо ќе се разредува. Технологијата има и други недостатоци, како на пример ако оставите автомобил со суперкондензатори неподвижен за околу еден месец, најверојатно поголемиот дел од полнежот ќе биде изгубен. Затоа најверојатно првите автомобили со суперкондензатори ќе имаат и мала конвенционална батерија. Поголем капацитет доаѓа од фактот дека полимерот задржува 180 Wh на килограм, додека традиционалните литиум јонски задржуваат 100 – 120 Wh на килограм.

Првично, технологијата е развиена за мобилни уреди како Google Glass. Штом го виделе потенцијалот на полимерот сепак, научниците одлучиле дека може да ги пренасочат напорите за многу поголем проект. Иако има можност да спречи многу од бариерите, кои електричните автомобили ги поставуваат, технологијата е во самиот почеток на својот развој.

Слични содржини