Новата опција на Твитер спречува насилство и навреди

од Nikola Popovski

Твитер се обидува да го намали насилството на социјалната мрежа барајќи од корисниците да ги прегледаат и ревидираат одговорите што сакале да ги испратат.

Твитер во средата објави дека воведе опција за ревизија на профилите на англиски јазик кои користат Твитер на Епл и Андроид.

„Кога се разгоруваат дебатите, вие кажувате работи што можеби не ги мислите. Со цел да ви овозможиме да го преиспитате одговорот, воведуваме опција што ви дава можност да го ревидирате одговорот пред да го објавите ако употребениот вокабулар е навредлив“, велат водечките луѓе на Твитер.

Корисник на Твитер ќе мора да го разгледа одговорот ако пораката што сакале да ја испратат на Твитер е оценета како потенцијално навредлива, како пцовки или навредлива забелешка.

По една година експериментирање, Твитер тврди дека ова ќе биде корисно.

„На почетокот на тестирањето, корисниците понекогаш добиваа непотребни барања затоа што алгоритмите не можеа да ги соберат нијансите во разговорите и не можеа да разликуваат навредлива забелешка од сарказам и пријателски „шеги“. Ги анализиравме резултатите, собравме повратни информации од јавноста и работевме на решавање на нашите грешки, вклучително и недоследности во објавувањето“, објавија од компанијата Твитер.

Податоците покажуваат дека 34 проценти од корисниците го ревидирале својот одговор или избрале воопшто да не испратат одговор. Откако им било наложено да направат ревизија, корисниците испраќале во просек 11 проценти помалку навредливи одговори.

Слични содржини