Нови детали од обидот за киднапирање во Њујорк: „Денес се обидов да киднапирам дете“

од Stefanija Kuzmanovska

Мажот, кој наводно го грабна момчето на улица во Њујорк, бил со неговиот татко во моментот на шокантниот инцидент, потврди полицијата.

Џејмс Мекгонагал (24) е обвинет дека се обидел да киднапира петгодишно момче додека шетало со мајка си и браќата во Квинс.

На видеото се гледа како Мекгонагал го грабнува момчето и го турка во автомобил, пред неговата мајка Долорес Дијаз Лопез да успее да го извлече детето од отворениот прозорец.

Полицијата соопшти дека другиот човек во автомобилот бил татко (55) од осомничениот, чие име е исто како и неговиот син, пренесува „Independent“.

Истражителите сè уште не знаат дали таткото на осомничениот знаел нешто за обидот за киднапирање.

По инцидентот, осомничениот отишол во болница во Бруклин, каде наводно удрил во лице на случаен минувач.

Полицаецот, кој во тоа време бил во болница, го препознал од снимката од камерата и повикал на засилување.

За време на апсењето, Мекгонагал беше снимен во камерата на телото на полицаецот на кој му вели: „Денес се обидов да киднапирам дете“, изјави извор за „Њујорк пост“.

Во петокот тој бил сместен во психијатриска болница, а неговото појавување пред судот беше одложено откако во саботата наводно удрил полицаец додека земал отпечатоци од прсти.

Истражителите сè уште се обидуваат да го пронајдат неговиот татко.

Слични содржини