Новиот „Бетмен“ на Дортмунд излегува на теренот уште утре

од Vladimir Zorba

Новата аквизиција на Борисија (Дортмунд), Миши Батшуаи е подготвен за деби со „жолто-црниот“ дрес.

Германските медиуми не исклучуваат дури и тој да е во стартната постава за мечот утре против Келн.

Напаѓачот дојде од Челзи за да го замени поранешниот „Бетмен“ – Пјер-Емерик Обамејанг.

„Оба постигнуваше многу голови. Најдовме надарен играч во лицето на Миши. Неговите квалитети се доволно големи за да ни помогнат да ги оствариме нашите цели“, изјави менторот на Борусија, Питер Штогер, на денешната прес-конференција

Слични содржини