Новиот оперативен систем на Huawei ќе биде 60% побрз од Android

од desk2

Поради битката на Huawei со САД, како што пишуваат кинеските медиуми, сега овој технолошки гигант соработува со локални провајдери на изработката на нивниот нов оперативен систем. Доколку ова е вистина, Google и нивниот Android ќе бидат во навистина незгодна ситуација.

Наводно, Huawei интензивно го тестира сопственииот оперативен систем HongMeng со други интернет гиганти и со домашни продавачи на смартфони, а новиот систем треба да биде лансиран во текот на наредните неколку месеци. Меѓу компаниите со кои наводно соработува Huawei се наведуваат технолошкиот гигант Tencent и креаторите на смартфони Xiaomi, Oppo и Vivo.

Исто така, кинеските меидуми пишуваат дека најголемите кинески технолошки компании со здружени сили работат на развојот на HongMeng OS и да го возвратат ударот на САД. Од Huawei, пак, официјално изјавија дека датумот на лансирање на новиот систем уште е тајна, а други технолошки компании кои соработуваат со Huawei не коментираат ништо.

Слични содржини