Новиот реис на ИВЗ: Коронавирусот е вистински и опасен

од Берта Китинска

Новиот поглавар на ИВЗ, Шаќир Ефенди Фетаху, на денешната прес-конференција рече дека коронавирусот постои и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките.

„Коронавирусот е вистинска, сите компетентни органи и институции во светот потврдиле дека постои. Ние сме верски институции и не сме компетентни да зборуваме дали е вистинска или не. Институциите кои се професионални и стручни потврдиле дека постои, а во посебно во последно време короната се шири бргу во Македонија. Апелирам да бидеме сериозни, да се придржуваме кон сите мерки “, рече Фетаху.

Слични содржини