НОВО ПУКАЊЕ ВО САД: Ранет ученик во училиште каде што штотуку почна наставата! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Еден ученик е повреден во денешното пукање во средното училиште Вотсон Чапел во Пијн Блаф, во американската сојузна држава Арканзас, соопшти администрацијата на окружното училиште.

„Родителите на повредениот ученик се информирани“, се вели во соопштението, додавајќи дека сите други ученици се безбедни, додавајќи дека станува збор за „изолиран инцидент“, пренесува Ројтерс.

Наставата започна денес во училиштето во Пајн Блаф, кое се наоѓа на околу 70 километри од главниот град на државата Арканзас, Литл Рок.

Слични содржини