Њујорк им дава пари на граѓаните кои ќе се вакцинираат

од Stefanija Kuzmanovska

Њујорк од петок ќе плаќа 100 дикари на секој што ќе ја прими првата доза на вакцина во центарот за вакцинација со кој управува градот, најави градоначалникот Бил де Блазио.

Неговата објава доаѓа само неколку дена откако објави дека Градот Њујорк ќе побара од сите вработени во јавниот сектор, вклучително и наставници и полицајци, да бидат вакцинирани против коронавирусот до средината на септември, пренесува Ен-Би-Си.

Се проценува дека ова може да вклучува околу 340.000 вработени во јавната администрација на Њујорк.

Има голем пораст на бројот на нови случаи на коронавирус во тој град, што се припишува на ширењето на варијантата делта.

Според податоците на градскиот секретаријат за здравство, меѓу жителите на Њујорк, меѓу 45 и 65 проценти од луѓето се целосно имунизирани, во зависност од делот на градот.

Слични содржини