Од денес полабави мерки во Словенија: Регистрирани се 30 мртви, а втор ден трае масовната вакцинација

Во последните 24 часа, во Словенија како последица од Ковид 19 починаа 30 лица, објави денес словенечката влада.

Во истиот период тестирани се 1.976 лица, од кои позитивни се 517, односно 26,2%.

На болничко лекување се 1.221 лица, што е за 42 повеќе од денот претходно, а 207 се наоѓаат на интензивна нега.

Инаку во Словенија веќе втор ден трае вакцинацијата против Ковид 19, а од 9.570 ваквини колку што доби Словенија, најпрво се вакцинирани штитениците од домовите за стари и вработените во нив.

До крајот на годината се очекуваат уште 6.825 дози од вакцината Фајзер, а влада објави дека во иднина во првите 7 или 8 месеци би можело да се вакцинираат 1,2 милиони жители, односно околу 60%.

Словенечката влада објави дека од денес повторно привремено им е дозволено да работат на трафиките, трговските центри и фризерските салони кои од изминатиот четврток не смееја да работат, а тој режим на мерките ќе остане на сила до 4. јануари.

Слични содржини