Од понеделник сите што се пријавиле ќе добијат термин за вакцинација

од Берта Китинска

Според планот на министертсвото за здравство од 15 –ти наредниот месец вратите на вакциналните пунктови ќе бидат отворени за сите кои сакаат да се заштитат од Ковид 19 и не мора претходно да бидат пријавени.

До средината на јули сите 150.000 граѓани кои се пријавиле ќе добијат термин за вакцинација, најави Филипче. Тој информираше дека откако викендот ќе стигнат 600.000 дози, од понеделник за вакцина прво ќе бидат повикани повозрасните и оние со хронични заболувања без разлика кога и да се регистрирале на сајтот, после нив прва доза ќе добијат и помладите кои пројавиле интерес за имунизација.

На располагање се вакцините Фајзер и Синовак, но граѓаните немаат право на избор.

Вкупно се аплицирани 501.506 дози вакцини, а ревакцинирани се 212.201 граѓани.

Слични содржини