Одбиена жалбата, Зеќири останува во притвор

од Nikola Popovski

Поранешниот генсек во Владата, Мухамед Зеќири останува во притвор откако Кривичниот совет на судот по одржата седница ја одби жалбата и го потврди притворот од 30 дена.

Во соопштението од Кривичниот суд се наведува дека по денешната јавна седница во присуство на странките, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција го потврди решението на претходна постапка со измени во основите кои постојат за  определување на мерката притвор.

-Односно, советот го преиначи решението на претоходна постапка на начин што ја укина точна 3 од чл. 165 ст.1, односно можност обвинетиот да го повтори делото.

Како што судот веќе извести, судија на претходна постапка, одлучувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка притвор, на 08.04.2022 година донесе решение со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП, стои во соопштението од судот.

Зеќири е обвинет дека лани како генерален секретар на Владата, без спроведена јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со фирма, а му помогнале двајца хрватски државјани. Консултантските услуги се поврзуваат со Македонски Пошти.

Од обвинителството информираа дека тројцата осомничени прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 940.000 евра на штета на државниот буџет износот бил поголем за 145.400 евра, бидејќи договорениот износ за вршењето на консултантски услуги бил 795.000 евра. Каде завршиле проневерените пари од обвинителството засега не откриваат. Доказите со кои располагаат засега посочуваат на тројца осомничени, но не ја исклучуваат можноста од проширување на истрагата.

Слични содржини