Одложено рочиштето за „Рекет“, Владимир Тодоровиќ бил на службен пат

од Aleksandar Todeski

Поранешниот градоначалник на Општина Центар, бизнисменот Владимир Тодоровиќ не се појави на рочиштето за „Рекет“, каде требаше да сведочи на барање на првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13. Рочиштето ќе продолжи утре, за кога треба да се обезбедат сведоци, откако освен Тодоровиќ, кој го известил судот дека е надвор од државата, не се појави ниту вториот сведок, Лидија Јаневска, која не ја добила поканата од судот.

На следните рочишта сведоци на предлог на одбраната ќе бидат Сергеј Варошлија, пријател на Боки 13 и водител во згаснатата 1ТВ, како и Јовче Ременски, сопругот на потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски. Тодоровиќ пак, ќе биде повикан да сведочи кога ќе се врати од службениот пат во Бугарија.

Судијката Васка Николовска-Масевска пред да го одложи денешното рочиште, соопшти дека се одбива барањето на Боки да се пушти од притвор бидејќи судечкиот совет смета дека потребната здравствена нега може да ја добие во притвор, но и дека постои опасност од бегство.

 

Слични содржини