Одлука за „Ел Класико“ во понеделник

од Vladimir Zorba

Во понеделник ќе биде познат датумот кога ќе се одигра Ел класико меѓу Барселона и Реал Мадрид.

Ова е одлука на раководството на Ла Лига кое го одложи првото дерби сезонава меѓу Барса и Реал поради ситуацијата во Каталонија.

Лигата инсистира мечот да се игра на 7. декември, но од двата клуба тоа не го прифатија, па се очекува мечот да биде одигран на 18. декември. Двата ривала имаат време до 21. октомври (понеделник) да донесат одлука кога ќе се игра првото „Ел-класико“ сезонава.

Слични содржини