Официјално: На претседателските избори во Русија ќе учествуваат четворица кандидати

од Stefanija Kuzmanovska

Четворица кандидати ќе учествуваат на изборите за претседател на Русија во март, изјави денеска претседателката на руската Централна изборна комисија (ЦИК) Ела Памфилова.

Таа навела дека ЦИК официјално го пријавила независниот кандидат Владимир Путин и претставниците на парламентарните партии Леонид Слуцки (ЛДПР), Владислав Даванков (Нови луѓе) и Николај Харитонов (Комунистичка партија на Руската Федерација) како кандидати.

Памфилова додала дека денеска завршил одредениот циклус и дека на гласачкото ливче ќе се најдат имиња на четворица кандидати, бидејќи ЦИК на седницата одби да ги пријави Борис Надеждин, Сергеј Малинкович, Анатолиј Баташев и Рада Руска, пренесе РИА Новости.

Надеждин најави дека ќе се жали на таа одлука до Врховниот суд.

Советот на Федерацијата ги закажа претседателските избори во Русија за 17 март 2024 година.

Гласањето ќе трае три дена – 15, 16 и 17 март.

Слични содржини