„Огнените“ oд Чаир побараа оставка од Груби: „Тие што се на позиции го заборавија својот дом и народ“

од Nikola Popovski

„Огнената група“ од ДУИ вчера од Чаир побара оставка на вицепремиерот Артан Груби. Тие бараат партијата да биде подалеку од политиките за лични интереси на штета на албанскиот народ.

На трибината во скопската населба присуствуваа потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, организациониот секретар Блерим Беџети, секретарот за родова еднаквост Саранда Имери, претседателот на Надзорниот совет Муса Џафери, членот на Претседателството Невзат Бејта, пратениците Кастриот Реџепи и Мерита Коџаџику, градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу.

Како што рече Меџити, „овде сме за да ги повикаме да им проработи свеста, да рефлектираат“.

-На ДУИ му треба извршна власт која излегува од власта и е во служба на народот. Му треба извршана со млади кои ќе ги засукаат ракавите за да ја подобрат инфрструктурата и да го подобрат секој сегмет за да донесат подобар живот за нашите граѓани, изјавил Меџити.

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, рече дека сите пораснале и созреале во духот на ДУИ, а Чаир е бастионот на ДУИ веќе 20 години.

-Бевме во ДУИ со позиции и без позиции, а тие што се на позиции денес, го заборавија својот дом, својот народ и го оставија Чаир на цедило, велат „Огнените“.

Заменик министерот за одбрана во заминување Башким Хасани, синоќа во емисијата „200“ на телевизија Алсат, кажа дека повеќе од 2000 граѓани, само од огранокот во Чаир, побарале Груби да си замине.

-Да бев како Артан, и да се одржи митинг во мојот огранок како оној во Чаир, немаше да чекам претседателот да ми каже да останам дома или да одам на работа, туку ќе се јавев кај претседателот и ќе му кажев, во твој интерес и во интерес на партијата  останувам дома. Ако на огранокот на Чаир му треба помош или поддршка нека ми се јават, од денеска не сум прв вицепремиер. Ако над 2.000 граѓани од вашиот огранок се соберат и ти бараат оставка, треба да заминеш, рече Хасани.

Слични содржини