Огромна пеперутка напред: Хајди Клум во еден од најсмелите фустани досега (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Една од најпознатите манекенки во светот, Хајди Клум, редовно привлекува внимание со своите провокативни изданија.

Нејзините стајлинзи се секогаш главна тема, а сега таа повторно го маѓепса светот со необична креација која ја носеше.

Имено, германската манекенка присуствувала на премиерата на филмот „Малата сирена“ во Лос Анџелес, а за таа прилика избрала необичен фустан.

Предниот дел беше во форма на голема пеперутка, додека задниот се влечеше и беше со отворен грб, изработен од проѕирен материјал во комбинација со нежни бои.

Хајди уште еднаш успеа да се надмине себеси и да стане главна тема, а настанот на кој присуствуваше за момент го остави во сенка.

Слични содржини