ОГРОМНА ЗАГУБА: Tesla загуби стотици милиони евра поради напад на далновод

од Vladimir Zorba

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla во средата процени дека ќе загуби неколку стотици милиони евра поради прекин на производството. Прекинот очигледно е резултат на запалените далноводи претходниот ден, јавува германската новинска агенција (dpa).

„За нас ова значи загуба во високиот опсег од девет цифри“, рече директорот на фабриката Андре Тириг. Агенцијата dpa објаснува дека Тириг зборува за загубата поради непроизведени автомобили.

Тој смета дека затворањето и намаленото производство ќе ја чини фабриката повеќе од 1.000 автомобили дневно – оваа недела.

Tesla го произведува моделот Y во Гринхајд, нејзината единствена фабрика во Европа. Продажната цена на тој автомобил се движи околу 45.000 евра и нешто помалку од 60.000 евра.

Во вторникот непознати напаѓачи запалија далновод преку кој фабриката на Tesla, како и десетици илјади луѓе во околината, добива струја. Фабриката е евакуирана, а производството во моментов е стопирано. Tesla очекува прекинот да трае уште неколку дена.

Одговорноста за нападот ја презеде левичарската екстремистичка група „Вулкан“. Бранденбуршката полиција ја истражува веродостојноста на наводите.

Слични содржини