ОЈО: Побаран притвор за две лица кои учествувале на протестот за „Монструм“

од Nikola Popovski

Скопското обвинителство поведе постапка против двајца учесници на насилниот протест, по повод пресудата во случајот „Монструм“.

Тие се гонат за кривично дело – учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Од ОЈО Скопје велат дека притворот го бараат од две причини: дека осомничените може да се дадат во бегство или да го повторат делото.

„По завршувањето на говорот на организаторот на протестот, осомничените и повеќе други лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници“, стои во соопштението на ОЈО Скопје.

 

Слични содржини