Околу 35.000 сириски бегалци пристигнаа во последните 48 часа на турската граница, во близина на градот Килис, и беа сместени во кампови од сириската страна на границата, информира денеска валијата на округот Килис Сулејман Тамсаз, цитиран од британските медиуми.

migranti-na-granica-22-740x483

Валијата изјави дека може да се очекува пристигнување на уште 70.000 Сиријци, доколку армијата на режимот на Асад продолжи да напредува во градот Алепо, со поддршка на руските военовоздухопловни сили.

Турските власти вчера почнаа да поставуват нови шатори во веќе изградениот камп во близина на границата за да го прифатат новиот бран сириски бегалци на турска територија, информираа француските медиуми.

Ердоган: Ќе ја отвориме границата со Сирија доколку тоа биде неопходно

-Прифативме околу 5.000 бегалци, други 50.000 до 55 000 се на пат и ние нема да ги оставиме, затоа што таму се изведуваат воздушни напади, силите на режимот, поддржани од иранските шиитски милиции, напаѓаат цивили, рече турскиот шеф на дипломатијата Мевљут Чавушоглу на самитот за мигранти во Амстердам.

Тој го обвини режимот на Башар ал-Асад дека напаѓа „училишта, болници и цивили“. /МИА

Слични содржини