ОН: На конфликтот во Украина не му се гледа крајот

од Stefanija Kuzmanovska

Потсекретарот на Обединетите нации, Розмери Дикарло, изјави дека на конфликтот во Украина не му се гледа крајот и додаде дека постои реална можност војната да се претвори во катастрофа.

„Навистина, на конфликтот не му се гледа крај. Се додека трае, постои потенцијална опасност од катастрофа, таа е реална. Инцидентот во Полска, во близина на украинската граница, беше застрашувачки потсетник дека мора да се направи се за да спречи понатамошна ескалација“, наведе Дикарло, пренесе ТАСС.

Претставниците на ОН предупредуваат дека постои реална можност војната да се претвори во катастрофа.

Слични содржини