ОН објавија алармантни бројка: Еве колку храна фрламе секој ден

од Симе Стоиков

Во 2022 година, домаќинствата ширум светот без потреба фрлале околу една милијарда оброци дневно, според проценката на Обединетите нации (ОН), кои денеска ја осудија „трагедијата“ со фрлање храна во светот.

Во извештајот на Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) се наведува дека најголемиот дел од отпадот од храна, 60 отсто, доаѓа од домаќинствата.

Околу 28 отсто од фрлената храна доаѓа од ресторани, а 28 отсто од супермаркети, месарници и други продавници.

„Расфрлањето храна е глобална трагедија, милиони луѓе ширум светот денеска ќе гладуваат бидејќи храната се троши залудно“, изјави извршната директорка на УНЕП, Ингер Андерсен.

Ричард Свонел од невладината организација WRAP, која учествуваше во подготовката на извештајот, рече дека еден оброк на ден направен од залудно потрошена храна може да ги нахрани сите гладни во светот, а ги има околу 800 милиони.

Во својот втор извештај за отпадот од храна, ОН предупредуваат дека вистинската количина на фрлената храна може да биде многу поголема.

Слични содржини