Опожарено возило во Струмица

од Nikola Popovski

Утринава изгорело патничко возило во центарот на Струмица, информираат од МВР.

Немилиот настан се случил на улица „Васил Главинов“ во 02:15 часот. Според ТППЕ Струмица, пожарот бил во разгорена фаза, а со интервенција со едно против пожарно возило и четири пожарникари е спречено натамошно ширење.

Се наведува причинета е значителна материјална штета.

ОД ТППЕ Струмица додаваат дека приодот до местото на пожарот бил отежнат заради паркирани автомобили на пристапните улици и затоа било изгубено драгоцено време за навремена и брза интервенција.

Слични содржини