Опозициските партии предлагаат формирање на посебна Комисија за заштита и справување со пандемија

од Берта Китинска

Формирање на Комисија за справување со ковид-19, со измени на законското решение, предлага  Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива, како и Левица.

„Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, бараме формирање на посебна Комисија за заштита и справување со пандемија или епидемија, која ќе биде формирана од страна на Собранието на Република Македонија и ќе треба да придонесе за ставање под контрола на ситуацијата со ковид-19 која очигледно од ден на ден се влошува”, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Составот на Комисијата согласно предлог-измените, се предвидува да го каже Владата, а да го избира Собранието, како и тоа да биде составена од 11 члена, во која по функција ќе членуваат, министерот за здравство и директорот на Центарот за управување со кризи, а останатите девет членови би биле тројца инфектолози, двајца епидемиолози, двајца микробиолози, еден имунолог и еден интернист.

Слични содржини