Oppo Find X нема „исечен“ екран и нуди „подвижна“ камера (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Кинеската компанија Oppo го претстави во Париз моделот Find X и благодарение на The Verge ги добиваме сите основни информации за уредот. Тој дефинитивно изгледа импресивно, бидејќи успева да предложи дисплеј врз речиси целата предна површина, кој дури не е „исечен“. Слично на Vivo Nex (Vivo и Oppo имаат ист сопственик) смартфонот успеа да го постигне тоа, откако додаде камера врз моторизиран подвижен дел, така што таа е скриена, кога не се користи. На овој начин Find X успева да обезбеди 6.4-инчен OLED 1080р дисплеј кој зазема 92.25% од предниот дел.

Во интерес на вистината во подвижниот горен дел се наоѓаат и трите камери на телефонот – 25МР за селфи и основна со 16МР и 20МР сензори. Предниот дел е исто така комбиниран со 3D систем за препознавање лице. Според компанијата камерата е подготвена за употреба во рамките на 0,5 секунди, па сè станува прилично брзо. Уредот има дизајн кој потсетува на Galaxy S9, нуди заден панел од заоблено стакло, а освен тоа и екранот со свиткани рабови е покриен со такво стакло. Смартфонот не располага со сензор за отпечатоци, а наместо тоа се потпира на системот за 3D препознавање на лицето, што значи дека при секое отклучување предната камера ќе се покажува за да може сензорот до неа да го скенира лицето на корисникот.

На хардверски план, ќе најдеме работи кои се карактеристични за секој овогодишен предводник. Смартфонот се потпира на чипсет Snapdragon 845, кој е комбиниран со 8GB RAM и до 256GB меморија за датотеки. Батеријата е со капацитет 3730mAh и поддржува технологија за брзо полнење VOOC.

Меѓу другите детали се оперативен систем Android 8.1 со интерфејс Color OS, можности за две СИМ картички и глобална LTE подршка, што е важно, бидејќи тоа ќе биде првиот телефон на Oppo, кој ќе се продава во Северна Америка и Европа.

Продажбите на телефонот во Кина почнуваат денеска, а наскоро би требало да дознаеме повеќе детали околу понудата на телефонот на другите пазари.

Слични содржини