Општините од пелагонискиот регион со над 400 заразени лица со Ковид 19

од Берта Китинска

Во општините Битола, Ресен и во Демир Хисар во моментов регистрирани се 82 активни случаи заразени со Ковид-19.

Според податоци од центрите за јавно здравје и надлежни служби што водат евиденција, најголем број активни лица, вкупно 54 има во Битола, 27 во Демир Хисар и eдно лице во Ресен.

По подолго време вчера во Битола беа евидентирани седум новозаразени лица со што вкупниот број на дијагностицирани во градот од почетокот на епидемијата изнесува 195, во Демир Хисар вкупниот број на дијагностицирани е 60, а во Ресен 146.

Со отворањето на лабараторија за тестирање од Ковид-19 која се наоѓа во ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола, општините од пелагонискиот регион ја зголемија ефикасноста во здравствените услуги, а наскоро ќе бидат во функција и монтажни болници.

Инаку, во моментов на инфективното одделение во Клиничка болница-Битола хосипитализирани се 13 лица заразени со Ковид-19.

Слични содржини