Орбан: Балканот е портата на Европа, а портата и припаѓа на куќата

од Vladimir Zorba

Балканот е порта на Европа, а портата и припаѓа на куќата, што значи дека Балканот е составен дел на Европа, изјави денеска премиерот на Унгарија Виктор Орбан, говорејќи на конференцијата на претседателите на собранијата на Вишеградска група (V4) и Југоисточна Европа во Будимпешта.

Орбан рече дека во Унгарија постои израз дека патот кон Европа секогаш води низ Балканот и дека не е прашање на избор, туку геополитички факт.

„ЕУ, а особено земјите што ја основаа ЕУ, сметаат дека Балканот е тампон -зона, а западноевропејците сакаат да живеат безбедно и удобно, и дека ако има конфликт со југоистокот, не треба да има Виена, Берлин или Франција“, рече Орбан.

Тој додаде дека прашањето е дали ЕУ ќе го промени статусот на Балканот, што ќе биде болно за нејзините жители, или ќе користи нова стратегија, „а новата стратегија се вика интеграција“.

„Балканот не треба да биде тампон -зона туку дел од ЕУ“, рече тој, додавајќи дека на Европската унија и е потребен Балканот, исто колку и таа нему.

Орбан посочи дека унгарските односи со Балканот се значително подобрени.

„Ако шетате низ Будимпешта, ќе го видите Бошњачкиот плоштад, ќе видите српски кафулиња и цркви и Албанци кои живеат и работат во Унгарија“, рече Орбан.

Слични содржини