Оштетено возило од заскитан куршум во Кисела Вода

од Vladimir Zorba

Од заскитан куршум оштетено е возило марка „хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки на ул.„Локов“ во населбата Кисела Вода.

Како што соопшти МВР, инцидентот бил пријавен вчера во 13.30 часот во Полициската станица Кисела Вода од страна на сопственикот на возилото, Д.С.(48) од Скопје. Извршен бил увид.

Слични содржини